Франк Рибери во блиска иднина би можел да стане тренер во академијата на Баерн објави новинарот на „Кикер“ Георг Холзнер.
Легендарниот француски крилен напаѓач ја заврши кариерата во 2022 година и во овој момент полага за повеќе лиценци за тренер. Со оглед на тоа дека од 2007 до 2019 година беше член на Баерн и денес поминува многу време во Минхен, остана во близок однос со клбуот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рибери во 12 години со Баерн освои 23 трофеи, меѓу кјои и девет титули шампион на Германија и шест купови. Во 2013 година стигна и до Лигата на шампионите, европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство. Покрај Баерн во кариерата играше уште за Болоњ, Олимпик Алес, Брест, Мец, Галатасарај, Марсеј, Фиорентина и Салернитана. За репрезентацијата на Франција собра 81 настап и постигна 16 гола.
Негов последен клуб му беше Салернитана каде што денес е дел од стручниот штаб на Фабио Ливерани. Италијанскиот калчолигаш се наоѓа на последната позиција на табелата и му се заканува испаѓање во Серија Б.