Новак Ѓоковиќ изминатиов период престојува во Белград дружејќи се со пријателите и поминувајќи време со семејството.
Меѓутоа се покажа како добар домаќин и успеа да собере и пречека дел од големите светски тениски имиња по повод одржувањето на хуманитарниот тениски турнир ,,Адриа Тур” кој беше под негова организација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доминик Тим, Григор Димитров и Александар Зверев беа дел од имињата кои зедоа дел од настанот кој се одржа во Белград.
Сепак, тоа што привлече повеќе од доволно внимание беше ретко дадената можност на јавноста за да ги забележи лицата на децата на тенисерот кои беа придружувани од неговата сопруга Јелена и останатото негово семејство.
Несомнено може да констатираме дека Стефан веќе започнал да ги следи стапките на својот татко и е повеќе од умешен со тенискиот рекет, а за неговата сестра Тара оправдано ќе кажеме дека целосно ја наследила убавината на нејзината мајка.