Кристиано Роналдо го обележи натпреварот од ¼ финалето во Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Реал Мадрид (0:3), но тој не е единствениот играч кој во Торино го запиша своето име во историјата.
Неговиот соиграч Дани Каравахал стана првиот играч во историјата од Лигата на шампионите кој одиграл 25 натпревари во низа без пораз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карвахал не изгубил натпревар во Лигата на шампионите од 5 мај 2015 година, тогаш Реал Мадрид беше поразен од Јувентус во полуфиналето.
Зад себе Карвахал ги остави Португалецот Нани и Французинот Патрис Евра кои до вторникот беа на врвот.
На оваа листа се наоѓа и Роналдо, но неговата низа од 22 натпревар без пораз не е направен со Реал Мадрид, туку со Манчестер Јунајтед.