Дома Останати Рекорд: На натпревар во женска одбојка присуствуваа 92.003 гледачи

Рекорд: На натпревар во женска одбојка присуствуваа 92.003 гледачи

Oдбојкарскиот тим на универзитетот Неберска oд САД постави рекорд во светот на женскиот спорт бидејќи на натпревар на оваа екипа присуствуваа точно 92.003 навивачи.

Небарска Корхаскерс славеа против Омах со резултат 3:0 на „Мемоирјал стадионот“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


По завршувањето на вториот сет беше објавено дека рекордот е срушен и тоа предизвика овации од бројната публика. Ова беше еден вид кулминација по проектот за повеќемесечно промовирање на одбојката во Небарска која си постави таква цел и успеа.

Претходниот рекорд го држеше натпреварот на женските екипи на Барселона и Волфсбург од 2022 година. На стадионот „Камп Ноу“ тогаш присуствуваа 91.648 гледачи за да ги поддржат фудбалерките на Барселона.

Овој рекорд доаѓа токму во моментите додека кај нас се одржува Европското првенство машка конкуренција на кое вчера нашата репрезентација го започна со победа против Данска од 3:1 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…