На Островот пресметаа дека откако Пеп Гвардиола е на клупата на Манчестер Сити овој тим постигнал 1000 голови.
До оваа бројка „граѓаните“ стигнаа со трите гола во вчерашната победа против Вест Хем. Меѓутоа важно е да се истакне дека за овие 1000 гола на избраниците на Пеп им беа потребни рекордни 404 натпревари.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Со оваа бројка Сити со Гвардиола е тимот кој најбрзо постигна 1000 гола под водство на еден стратег. Зад „граѓаните“ е Арсенал кој со Арсен Венгер до 1000 гола дојде за 554 натпревари, потоа следи Јунајтед и Сер Алекс Фергусон со 693 натпревари.