Дома Македонски спорт Мак фудбал Редари им се заканувале на фудбалерите на Куманово во Арачиново: Живи нема да излезете од тука!

Редари им се заканувале на фудбалерите на Куманово во Арачиново: Живи нема да излезете од тука!

Во македонската Трета лига вчера се играше дербито помеѓу Арачиново и Куманово кое на крајот заврши со победа од 3:0 за домаќините.

Сепак, по овој натпревар Куманово преку соооштение се обрати до јавноста и ФФМ тврдејќи дека во Арачиново сериозно била доведена во прашање нивната безбедност.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„На самото пристигнување на стадионот во Синѓелиќ, луѓето кои требаше да обезбедат ред на стадионот, значи редари облечени во зелени панцири, почнаа да се закануваат на нашите фудбалери дека живи нема да излеземе од стадионот.

Пред почетокот на натпреварот истите редари дојдоа до клупата за резервни играчи каде што беа нашите фудбалери и почнаа да се закануваат и вербално да ги малтретираат нашите фудбалери. Пред стартот на натпреварот еден наш фудбалер е удрен со тупаница од домашниот фудбалер во пределот на лицето“, стои меѓудругото во соопштението на кумановци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…