Мартин Одегард во 2015 година како еден од најголемите европски таленти потпиша за Реал Мадрид, но неговата кариера на „Сантиаго Бернабеу“ не течеше така како што се очекуваше.
Норвежанецот беше најавуван како „чудо од дете“, но четири години подоцна се чини дека сепак Одегард не ги исполни очекувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, оваа сезона игра одлично во дресот на Витесе во холандската лига, па постои голема можност Реал ова лето да го продаде. „Кралевите“ поставија цена од 20 милиони евра, а најсилен интерес за него покажува Ајакс.
На Ајакс ова лето засилувањата ќе му бидат неопходини бидејќи се очекува големите ѕвезди да го напуштат клубот. Сепак, холандскиот гигант ќе има голем буџет и нема да му претставува проблем да плати 20 милиони евра за Одегард
Холандските медиуми тврдат дека Ајакс е спремен да понуди 15 милиони евра за Одегард, па се очекува преговорите помеѓу двата клуба да започнат набрзо.
Одегард оваа сезона одигра 29 меча во дресот на Висете на кои постигна 6 гола и запиша 10 асистенции.
https://youtu.be/vNo7E_Wh1tk