Неколку европски клубови се борат за потписот на дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Регилон, кој одигра одлична сезона во Севиља.
Левиот бек оваа сезона беше еден од најдобрите во Примера и го привлече вниманието, па за неговиот потпис се борат Евертон, Наполи и Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан реши дека за Регилон нема место во неговиот тим, па Реал Мадрид е спремен да го продаде.
„Кралевите“ за неговата слобода бараат 25 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат.
Регилон беше прогласен за најдобар на својата позиција во Ла Лига за оваа сезона, откако блесна во дресот на Севиља, каде беше на позајмица.