Дома Трансфер зона Реал ја одреди цената за Хамес – Дали некој ќе ја понуди оваа сума?

Реал ја одреди цената за Хамес – Дали некој ќе ја понуди оваа сума?

Колумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез се наоѓа на излезните врати од Реал Мадрид и ова лето најверојатно ќе го промени клубот.

За заминувањето на Хамес се шпекулира веќе со месеци, а познато е дека неговиот однос со Зинедин Зидан не е баш најдобар. Откако го пропушти финалето во ЛШ поради наводни проблеми со повреди, стана јасно дека колумбискиот репрезентативец најверојатно среќата ќе ја потражи во некој друг клуб.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Реномираната „Marca“ денеска објави дека Реал Мадрид ја одредил цената за Хамес, па сега е подготвен да ги слушне заинтересираните клубови. Спроед истиот извор, „Кралскиот“ клуб ќе го пушти играчот само доколку пристигне понуда од најмалку 70 милиони евра.

Овој 25-годишен фудбалер пристигна од Монако пред три години и при една прилика изјави дека доколку го напушти Реал ќе сака да си оди во клуб кој игра во ЛШ. Најголем интерес за Хамес покажува Манчестер Јунајтед и сега главното прашање е дали „Црвените ѓаволи“ се подготвени да ја платат наведената сума за Хамес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…