Дома Фудбал Реал утре го претставува Јовиќ на „Сантиаго Бернабеу“

Реал утре го претставува Јовиќ на „Сантиаго Бернабеу“

Реал Мадрид веќе го официјализираше трансферот на Лука Јовиќ, но поради репрезентативните обврски српскиот напаѓач се уште не е официјално претставен во Мадрид.

По тој повод „кралевите“ денеска се огласија на клупскиот сајт и потврдија дека промоцијата на Јовиќ е закажана за утре, со почеток во 13 часот во ВИП-салата на стадионот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Веднаш потоа, Јовиќ ќе излезе на теренот на „Сантиаго Бернабеу“ во дресот на Реал Мадрид и ќе го има првиот контакт со новите навивачи.

Јовиќ зад себе има феноменална сезона во Ајнтрахт Франкфурт, за него силен интерес покажаа многу европски гиганти, но „кралевите“ ја победија конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија ќе игра против Босна пред почетокот на Светското првенство!

Македонската фудбалска репрезентација во јуни ќе има тест-дуел против Босна и Херцеговина,…