Дома Топ вести Реал се договори со Чуамени

Реал се договори со Чуамени

Реал Мадрид постигнал договор со францускиот репрезентативец, Орелиан Чаумени, пренесуваат шпанските медиуми.

Чуамени минатата сезона се наметна во тимот на Монако, а оваа сезона игра одлично и веќе е стандарден во француската репрезентација.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Откако ја загубија битката за Мбапе, „кралевите“ сега ќе се насочат кон друг Французин и сакаат што побрзо да го договорат трансферот.

За Чуамени интерес покажуваат Ливерпул и Челзи, но Реал ја победил конкуренцијата и веќе постигнал договор со Французинот.

Сега треба двата клуба да го договорат обештетувањето. Монако за неговата слобода бара 80 милиони евра, додека првата понуда на Реал изнесува 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…