Дома Фудбал Реал по мечот со Севиља: Вакво нешто досега не сме виделе

Реал по мечот со Севиља: Вакво нешто досега не сме виделе

Фудбалерите на Севиља и Реал Мадрид одиграа 1:1 во натпреварот од 10. коло на шпанската Ла Лига. Во многу интересен и значаен натпревар, Севиља поведе во 74. минута, а само четири минути подоцна Реал израмни, кога Дани Карвахал постигна гол со глава.

Реал по натпреварот со Севиља жестоко излегоа пред медиумите.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Никогаш досега не сме виделе вакво нешто“, беше изјавата на Реал Мадрид по натпреварот која ја објави шпанскиот весник „Марка“.

Нејасно е кој точно ја дал изјавата, но сигурно е дека станува збор за официјална комуникација од кралскиот клуб.

„Совршена тимска работа“, е ироничен додаток на изјавата во која се критикува судењето.

Според мадридските медиуми, гневни се и навивачите на Реал, кои сметаат дека судијата Де Бургос Бенгоеткеа имал еден критериум за домашните, а друг за гостите од првата минута од натпреварот. Во својата изјава по натпреварот, Анчелоти одби да го коментира судењето, но истакна дека тоа го прави за да избегне казна, па јасно стави до знаење дека нема ништо убаво да каже.

Најмногу се зборува за ситуацијата од првото полувреме. Реал можеше да поведе доколку судијата досуди пенал за гостите. Навас налета на Винисиус и навивачите имаат впечаток дека требаше да биде чист пенал за Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонски фудбалери го прогнозираа исходот на натпреварот со Велс – еве какви се нивните очекувања!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра последниот натпревар од квалификации…