Дома Топ вести Реал Мадрид ја објавува разделбата со Роналдо во вторник

Реал Мадрид ја објавува разделбата со Роналдо во вторник

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид ќе ја објави разделбата со Кристиано Роналдо во вторник, пренсуваат италијанските медиуми.

Големиот датум на кој Кристиано Роналдо ќе стане фудбалер на Јувентус е 10-ти јули. Тогаш се очекува претседателот на „кралевите“ Флорентина Перез да објави крај на ерата на Португалецот на „Сантиаго Бернабеу“.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Медиумите во Италија и Шпанија пренесуваат дека претседателот Перез настојува Роналдо јавно да објави дека одлуката за заминување е лично негова.

Зделката официјално ќе биде објавена во вторник, а Реал сака да се прости од Португалецот во голем стил.

Јувентус за неговиот потпис ќе плати 100 милиони евра на Реал Мадрид и додатни 25 милиони евра на Жорге Мендеш како процент од трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…