Реал Мадрид не се откажува од Џуд Белингам и Англичанецот ќе биде примарна трансфер цел на „кралевите“ следното лето.
Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ и Челзи се силно заинтересирани за неговиот потпис, па Белингам сигурно ќе биде најбараниот фудбалер на трансфер пазарот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Споменатите клубови нема да жалат пари за неговиот потпис, но англискиот талент преферира преселба во Реал Мадрид.
„АС“ пренесува дека Реал веќе работи на трансферот и е спремен да плати 120 милиони евра за неговиот потпис.
Тоа е сумата која Борусија ја бара за неговата слобода, а Реал сака да ја победи конкуренцијата од англиските клубови.
🚨| Real Madrid want Jude Bellingham, no matter what. A €120m bid is ready. @diarioas
— Madrid Xtra (@MadridXtra) December 22, 2022