Дома Топ вести Реал Мадрид спреми огромна понуда за тинејџерот од Бразил!

Реал Мадрид спреми огромна понуда за тинејџерот од Бразил!

Шпанска „Марка“ пишува дека Реал Мадрид веќе спремил план.

Не е ништо ново Внисиус Жуниор да се најде на „радарот“ на „кралевите“, но новост е тоа што Реал започна да повлекува конкретни потези за негов трансфер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Овој 17 годишен напаѓач блеска во реодвите на Фламенго, се развива во фантастичен фудбалер покрај фудбалери како Паоло Гереро и Диего Рибас.

Винисиус знае дека е следен од Реал Мадрид и токму тоа му дава дополителен мотив да дава се од себе.

Шефот на скаут службата на Реал Мадрид, Хуни Калафат, скоро секој месец патува во Бразил за да го следи развојот на овој фудбалер. Според последните информации Флорентино Перез сака работата да се заврши што побрзо и за услугите на овој фудбалер подготви 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…