Комплетниот фудбалски свет денес е во шок поради Икер Касиљас кој доживеа срцев удар на тренингот на Порто.
После приемот во болницата за среќа Касиљас се наоѓа надвор од животна опасност, а докторите потврдија дека станувало збор за срцев удар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според некои неофицијални информации неговото продолжување на кариерата е ставено под знак прашалник.
Многу клубови и фудбалери се огласија и му искажаа поддршка на легендарниот голман, а помеѓу клубовите беше и Реал Мадрид, клубот каде што помина најголем дел од својата криера.
„Реал Мадрид ја упатува својата поддршка до саканиот капитен Касиљас. Тој низ својата професионална кариера не научи да ги поминуваме најтешките предизвици за да ја зголемиме славата на нашиот клуб. Тој нас не научи дека откажувањето не се вклопува во нашата филозофија на живот и безброј пати ни покажа како да бидеме посилни од предизвикот. Реал сака да го види својот вечен капитен здрав што е можно побрзо, му ја испраќаме целата храброст на овој свет“, се наведува во соопштението на кралскиот клуб.