Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд го привлече вниманието на голем број европски гиганти, а последните информации говорат дека се наоѓа на радарот на Реал Мадрид.
Баерн Минхен и Челзи веќе подолго време ги следат неговите настапи, но сега и Реал Мадрид се приклучи во траката за неговиот потпис. „Кралевите“ сакаат да го донесат Еден Азар како замена за Роналдо, додека Пулишиќ е „планот Б“.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Меѓутоа, дури и да успеат да донесат една голема ѕвезда, Пулишиќ повторно може да заврши на „Сантиаго Бернабеу“, а за неговиот потпис се спремни да платат 60 милиони евра.
Минатата сезона 19-годишниот Американец одигра 32 меча во Бундес лигата на кои постигна 5 гола.