Реал Мадрид има огромни проблеми со последната линија од тимот поради повредите оваа сезона и според најавите во јануарскиот преоден рок решението може да биде стоперот на Баер Леверкузен.
Познатиот германски инсајдер, Флоријан Плетенберг објави дека Реал Мадрид ќе тргне по потписот на Џонатан Тах.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во случај да се одлучат да го доведат Реал Мадрид би прекршил едно непишано правило во својот клуб бидејќи пет години „кралевите“ не купиле фудбалер во зимскиот преоден рок.
Сепак, за Тах интерес покажа и Баерн кој сака да го убеди да дојде на лето. Реал сигурно ќе направи притисок бидејќи тренерот Карло Анчелоти остана без Едер Милитао и Дани Карвахал до крајот на сезоната.