Арсенал ќе треба да вложи многу напор за да го задржи Пјер Емерик Обамејанг на „Емирати“ во зимскиот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.
Имено, „Дон Балон“ пренесува дека Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за африканскиот напаѓач и веќе прави план како да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кралевите“ се спремни да понудат 80 милиони евра плус Дани Себаљос за да го добијат потписот на Обамејанг.
Тимот на Зидан има проблем со реализиацијата и стерилноста во нападот оваа сезона, па во Обамејанг гледаат идеално засилување.
Африканецот е исклучително ефикасен, па во дресот на „топџиите“ постигна 46 гола на 70 одиграни натпревари.
Обајемахг никогаш не ја криел желбата дека сака да заигра за Реал Мадрид, па и самиот ќе инсистира Арсенал да ја прифати понудата.