Дома Трансфер зона Реал Мадрид како замена за Карвахал сака играч на Манчестер Јунајтед?

Реал Мадрид како замена за Карвахал сака играч на Манчестер Јунајтед?

Реал Мадрид внимателно го следи развојот на одбранбениот играч на Манчестер јунајтед, Диого Далот (25).

Португалскиот фудбалер е посочен како потенцијална трансфер цел за засилување на одбраната на „кралевите“ следното лето, пренесува „Фишајес“.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Реал размислува за нов десен бек, а Далот го гледа како потенцијална замена за Дани Карвахал кој има 32 години.

Всушност, прв избор на Реал за оваа позиција е дефанзивецот на Ливерпул, Трент АлександерАрнолд. Неговата привлечност, сепак, може да испадне доста тешка задача, па „Сантијаго Бернабеу“ размислуваат за други опции и една од нив е Далот.

Далот стекна големо искуство и во Премиер лигата и во Серија А каде настапуваше за Милан, а исто така е репрезентативец на својата земја со 24 натпревари и три голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите се „тепаат“ за голгетерот на Спортинг

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…