Дома Фудбал Реал Мадрид доживеа голема загуба, но и покрај тоа е највреден фудбалски бренд во светот!

Реал Мадрид доживеа голема загуба, но и покрај тоа е највреден фудбалски бренд во светот!

Шпанскиот гигант и освојувач на Ла Лига, Реал Мадрид е највреден фудбалски бренд во светот во 2020 година, а тоа го покажа истржаувањето на популарниот „Бренд Фајненс“.

Оваа компанија направи студија во која ги рангираше клубовите на основа на вредноста на својот бренд, а „кралевите“ и годинава останаа на прво место со 1,42 милијарди евра, и покрај тоа што вредноста поради пандемијата им падна за 13,8%.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона, од друга страна, имаше пораст од 1,4% годинава, но тоа не беше доволно за да го премине Реал Мадрид на листата, па Каталонците се наоѓаат на втората позиција со вредност од 1,41 милијарди евра.

На третата позиција се наоѓа Манчестер јунајтед кој има вредност од 1,31 милијарди евра, а исто така доживеа загуба од големи 10,7%.

Во топ-10 се наоѓаат уште и Ливерпул, Манчестер сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Челси, Тотенхем и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…