Реал Мадрид го договори трансферот на младиот напаѓач Хуго Ваљехо од Малага.
„Кралевите“ со Малага се договорија и овој 19 годишен фудбалер ќе потпише договор до 2023 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, талентираниот офанзивец нема веднаш да го облече дресот на Реал. Наредните шест месеци тој ќе ги помине на позајмица во Депортиво, а од лето ќе му се придружи на својот тим.
Ваљехо важи за талентиран напаѓач. Тој е само еден во низата млади играчи кој Реал ги купи во последниот период и јасно дека Зидан сака да создаде еден млад тим со голем потенцијал.