Реал Мадрид внимателно го следи развојот на дефанзивецот на РБ Лајпциг, Кастело Лукеба.
Кралскиот клуб испратил свои скаути во живо да ги следат настапите на Французинот на натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, открива „Марка“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од „Сантијаго Бернабеу“ веќе размислуваат за засилување на одбраната следното лето, а Лукеба е едно од имињата на кои се на списокот.
21-годишниот талент со добрите игри стигна и до француската репрезентација и оваа сезона го покажува својот потенцијал.
Лукеба потекнува од школата на Лион, но минатата беше купен од Лајпциг за 34 милиони евра. Откако е во германскиот клуб, дефанзивецот има одиграно 48 натпревари и 1 постигнат гол.