Дома Фудбал Реал Мадрид веќе три години го следи чудно „проклетство“

Реал Мадрид веќе три години го следи чудно „проклетство“

Реал Мадрид не изгледа баш добро на теренот после доделувањето на ФИФА наградите, посебно кога онаа за најдобар играч ќе заврши во рацете на нивни играч.

Сега веќе, полека може да се зборува за вид на проклетство. Имено, Реал бил поразен на секој прв натпревар во последните три години откако фудбалер на овој тим ја добивал наградата на ФИФА церемонијата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Таков беше случајот и во средата навечер! Лука Модриќ се врати со наградата играч на годината од ФИФА, а Реал запиша убедлив пораз од Севилја со резултат 3:0.

Севилја „кралевите“ ги победи и во 2016 година, со резултат 2:1. Тоа беше прв натпревар откако Роналдо беше прогласен за најдобар од страна на ФИФА.

Една година подоцна, Роналдо беше повторно најдобар, Реал повторно изгуби. Овој пат од Џирона со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лајпциг ги поставил условите: Еве што треба да исполни Наполи за да го добие Елмас

Наполи веќе ја достави својата официјална понуда до Лајпциг за ангажман на македонскиот ре…