Дома Топ вести Реал купи ново бразилско „дете“ за 45 милиони евра (видео)

Реал купи ново бразилско „дете“ за 45 милиони евра (видео)

Раководството на Реал Мадрид го финализираше трансферот на 17-годишниот бразилски „бисер“Родриго од Сантос.

За Родриго силен интерес покажуваше и Барселона, но Каталонците понудија 20 милиони евра, кои Сантос експресно ги одби.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Таквата ситуација ја искористија „кралевите“ да го „украдат“ талентот пред носот на Барселона.

„Глобоеспорте“ пренесува дека Реал и Сантос постигнале договор за трансфер вреден 45 милиони евра, сума која е многу блиску до откупната клаузула која изнесуваше 50 милиони евра.

Ова е втор бразилски талент кој ќе биде купен од Реал Мадрид, Пред една година „кралевите“ за 45 милиони евра го купија Винисиус од Фламенго.

Винисиус и Родриго важат за најголеми таленти во Бразил и двајцата се најавуваат како наследници на Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…