Дома Трансфер зона Реал и ПСЖ го сакаат дефанзивецот на Бенфика

Реал и ПСЖ го сакаат дефанзивецот на Бенфика

Европските гиганти веќе подолго време го следат развојот на талентот на Бенфика, Антонио Силва.

Скаутите на Реал, ПСЖ и клубовите од Манчестер Сити се убедени дека Силва има потенцијал да биде нова голема ѕвезда во иднина.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Станува збор за 18-годишен централент дефанзивец, кој игра фантастично оваа сезона. Посебно импресионираше на мечот против ПСЖ каде имаше задача да го чува Меси.

Силва е дел од португалската репрезентација на Мундијалот и се очекува вечерва да биде во стартниот состав, па ќе го следат скаути на Реал и ПСЖ.

Токму овие два клуба на лето ќе водат голема битка за неговиот потпис и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Силва има договор со Бенфика до 2027 година и откупна клаузула од 100 милиони евра, па португалскиот клуб нема лесно да го продаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…