Дома Трансфер зона Реал има „план Б“: Ако не успее со Куртоа, се насочува кон…

Реал има „план Б“: Ако не успее со Куртоа, се насочува кон…

Примарна цел на раководството на Реал Мадрид за следната сезона е да донесе врвен голман кој ќе биде долгорочно решение за „кралскиот“ клуб.

Реал веќе подолго време сака да донесе замена за Кејлор Навас, па откако не успеа да го ангажира Давид де Геа сега примарна цел на „кралевите“ е голманот на Челзи Тибо Куртоа.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Медиумите веќе подолго време шпекулираат дека Куртоа сака да се врати во Мадрид, но доколку не успее да го реализира овој трансфер, Реал веќе има „план Б“.

Станува збор за голманот на Тотенхем и француската репрезентација Уго Љорис кој неодамна го продолжи договорот со „спарси“.

Љорис е еден од најдобрите голмани во Премиер лигата, а Зидан му го преопорачал својот сонародник на Флорентио Перез како резервна опција доколку не успее трансферот на Куртоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…