Реал Мадрид секогаш ги сака само најдобрите и најатрактивните фудбалери, па сега на „менито“ е новата ѕвезда на Челзи.
„Кралевите“ внимателно ги следат талентираните фудбалери кои избиваат во прв план, а таков е случајот со новото откритие од Премиер лигата Тами Абрахам.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
21-годишниот напаѓач во првите пет кола постигна седум гола и заедно со Агуеро е прв стрелец во Премиер лигата.
Абрахам е моментално хит на Островот, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.
„Дон Балон“ пренесува дека Флорентино Перез лично „загризал“ за негов ангажман и внимателно ја следи ситуација.
Реал Мадрид и Челзи имаат одлични односи, но тешко е да се поверува дека „сините“ ќе се откажат од својата нова ѕвезда.