Еден од најдобрите светски играчи, Килијан Мбапе на крајот од сезоната би можел да ги напушти редовите на ПСЖ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Мбапе има договор со ПСЖ до летото 2022 година, но преговорите околу потпишување на нов не вродија со плод, па се поизвесно е дека овој фудбалер на крајот од сезоната ќе го напушти францускиот првак.
Реал Мадрид се смета за фаворит за неговиот потпис и веќе подолго време работи на трансферот, но „кралевите“ сега добија силна конкуренција.
Како што пишуваат француските медиуми, за Мбапе сериозно е заинтересиран и Ливерпул, кој и во 2017. година сакаше да го донесе во своите редови, а наводно контактите помеѓу Французинот и англискиот клуб никогаш не престанале.
Нормално, ПСЖ и натаму ќе се обидува да го убеди Мбапе да потпише нов договор, но како што пишуваат познавачите во фрацускиот фудбал, тој веќе одлучил да замине, само прашање е каде, во Реал Мадрид или Ливерпул?