Дома Фудбал Лига на шампиони Реал во двомечот против Јувентус ќе се обиде да прекине традиција долга 31 година

Реал во двомечот против Јувентус ќе се обиде да прекине традиција долга 31 година

Вечерва на програмата се првите четвртфинални натпревари, а сите погледи ќе бидат вперени кон Торино каде што гостува Реал Мадрид.

Реал минатата година во Кардиф стана првиот тим кој успеал да го одбрани трофејот во ова натпреварување и тоа токму против Јувентус со резултат 4:1.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак и токму Јувентус е последниот тим кој го елиминираше Реал Мадрид во нокаут фазата – во 2015 година во полуфиналето. Сега ќе се обидат повторно.

Имено, на Јувентус многу повеќе му одговораат двомечи со Реал отколку еден натпревар. Италијаните од шест средби во кои се играле два натпревари, четири пати го исфрлуваа Реал кој како победник во двомеч против „старата дама“ последен пат излезе во 1987 година.

Потоа следуваше серија во која Јувентус го исфрлуваше Реал во 1996, 2003, 2005 и 2015.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Флик збеснал на ѕвездите на Барселона: Играте без дух, интензитет и желба за победа

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, бил бесен на своите фудбалери на утринскиот состанок по…