Дома Фудбал Реал бесплатно го носи Хумелс? Беше на чекор од Серија А, но тогаш се јави Мадрид

Реал бесплатно го носи Хумелс? Беше на чекор од Серија А, но тогаш се јави Мадрид

Матс Хумелс (35) е слободен играч откако на крајот на јуни му истече вториот долгогодишен договор со Борусија Дортмунд.

Хумелс во својата кариера ги носеше дресовите на само два клуба, Баерн, каде ја започна кариерата и се врати во него меѓу два мандати во Дортмунд и Борусија, за која настапуваше од 2009 до 2016 година и од 2019 до крајот на оваа сезона. Сега треба да ја напушти Германија и првпат да се испроба во странство.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Беше во преговори со Болоња, но Реал Мадрид наеднаш покажа интерес. Шпанските медиуми пренесуваат дека преговорите со италијанскиот клуб значително забавиле, откако Хумелс дознал дека може да се пресели во актуелниот шпански и европски шампион.

Хумелс одигра повеќе од 500 натпревари за Дортмунд, со кој беше два пати германски шампион и два пати финалист во Лигата на шампионите. Во дресот на Баерн три пати ја освојуваше Бундеслигата, а како германски репрезентативец беше светски првак во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…