Најочекуваниот фудбалски натпревар, популарното Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид еднаш беше одложено, но на три недели пред почетокот никој не се осмелува да им гарантира безбедност на фудбалерите на „кралскиот“ клуб во каталонската престолнина, тврди „Марка“.
Шпанија има свое Министерство за внатрешни работи, полициски сили задолжени за ред, мир и безбедност во државата, но и Каталонија има своја автономна полиција која на територијата на покраината ги врши должностите и на шпанската полиција и на цивилната гарда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Локалната каталонска власт уште нема дадено никаков став за натпреварот, а Реал Мадрид остануваат на планот нивниот хотел да биде на само 800 метри од „Ноу Камп“, а исто така не планираат да преноќат во градот – мечот треба да почне во 20 часот и тие планираат да дојдат и да заминат во ист ден.
За полицијата најкритично би било движењето на фудбалерите на Реал од аеродромот во Барселона до хотелот, а потоа и од хотелот до „Камп Ноу“. Полицијата стравува дека за 10-тина дена повторно ќе се интензивираат протестите во Барселона и нема да можат да конторлираат маса од неколку десетини илјади луѓе.
Засега постојат две опции за да се осигура безбедноста на фудбалерите на Реал Мадрид, едната е да се затвори една лента од коловизот од аеродромот со хотелот во кој ќе бидат фудбалерите, а другата е да биде поставен кордон од полиција и гарда на целата траса по која ќе минува автобусот