Дома Македонски спорт Мак фудбал Реакција на ФФМ по тепачката помеѓу „Фаланга“ и „Лозари“

Реакција на ФФМ по тепачката помеѓу „Фаланга“ и „Лозари“

Денес во Штип видовме пресметка на навивачките групи на Брегалница и Тиквеш пред натпреварот на овиде две екипи (видео – тука).

По повод пресметката со реакција се огласи Фудбалската Федерација на Македонија. Соопштението ви го пренесуваме во целост:


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


“За жал, денеска бевме сведоци на инцидент кои го предизвикаа дел од навивачките групи на ФК Брегалница и ФК Тиквеш во пресрет на меѓусебниот дуел меѓу двете екипи на Градскиот стадион во Штип.

Сликите кои ги видовме, за жал, не се во согласност со пораките кои Фудбалската федерација на Македонија постојано ги праќа до сите чинители во нашиот спорт – НЕ за дискриминација, НЕ за национализам и говор на омраза, НЕ за насилство на стадионите и фудбалските терени.

Фудбалската федерација на Македонија остро го осудува ваквото однесување на поединци или помала група на навивачи, кои нанесуваат штета на своите клубови и фудбалот воопшто. Уште повеќе што се случува во време на здравствена криза и забрана за групирање. ФФМ ја поздравува брзата реакција на полицијата и ги повикува надлежните институции да го процесуираат целиот случај.

Фудбалската федерација на Македонија ги повикува сите поддржувачи и навивачи на тимовите од МФЛ, во ова време, пред се да ги почитуваат мерките и препораките на здравствените власти за заштита на здравјето, а пораката за навивање во духот на фер-плејот, почитта и толеранцијата кон противничките екипи и сите љубители на фудбалерот, како Фудбалска федерација на Македонија, секогаш ќе ја повторуваме и ќе се бориме за тоа со цел спречување на инциденти како денешниот“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

На „Комити“ им било јасно кажано: Миленко мора да биде во клубот – во спротивно клубот нема да постои!

„Комити“ денеска ја одржаа најавената прес-конференција на која објаснија како стојат рабо…