Дома Фудбал Италија Реакцијата на навивачите на Наполи по автоголот на Кулибали е нешто најтажно што ќе го видите денеска

Реакцијата на навивачите на Наполи по автоголот на Кулибали е нешто најтажно што ќе го видите денеска

И повеќе од интересен натпревар во саботата одиграа Јувентус и Наполи (4:3).

Натпреварот во Торино за навивачите на Наполи беше вистинска возбуда со оглед на неверојатниот престврт, но и големото разочарување на крајот. Јувентус по половина час игра имаше водство од 3:0, за потоа Наполитанците постигнат три гола и да се вратат на почетокот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Се играше судиското продолжение, изгледаше дека Наполи конечно ќе дојде до прв бод на „Алианз Стадионот“, но тоа не се случи. На спектакуларен начин сопствената мрежа ја затресе Кулибали, по остриот центаршут од слободен удар на Пјаниќ.

Со оглед на тоа што станува збор за најомразениот ривал на навивачите на Наполи, поразот во Торино го доживеаа тешко, а реакцијата на навивачите на овој клуб од една кафетерија најдобро покажува како се чувствуваа.

Некои биле шокирани, нокои во неверување се фатиле за глава… Нема дилеми дека станува збор за пораз кој многу боли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…