Дома Фудбал Рајо и следната сезона ќе игра во Ла Лига, нашиот Столе Димитриевски испиша клупска историја

Рајо и следната сезона ќе игра во Ла Лига, нашиот Столе Димитриевски испиша клупска историја

Синоќа во рамките на 36 коло од најсилното шпанско првенство фудбалерите на Рајо Ваљекано на домашен терен со 2:1 ја совладаа екипата на Гранада.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На тој начин играчите предводени од тренерот Ињиго Перес со осмата победа сезонава обезбедија опстанок во „Ла Лига“.

Целиот меч за домашниот тим го одигра македонскиот репрезентативен чувар на мрежата Столе Димитревски кој стана голман со најмногу настапи во клупската историја на Рајо, вкупно 190.

Сега зад него е Вили кој застана на 189 настапи, а на третата позиција на вечната листа е Педро Валентин Мора со 168 настапи.

Моментно на табелата Рајо Ваљекано е на 14 позиција со 38 бодови и во следното коло на 19 мај ќе ѝ гостува на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиол на Светското првенство дознал вест која би можела многу да измени

Англиските медиуми објавија дека Манчестер Сити подготвува нов повеќегодишен договор за хр…