Дома Фудбал Репрезентации Рашфорд: Се извинувам за промашениот пенал, но не и за тоа кој сум и од каде доаѓам

Рашфорд: Се извинувам за промашениот пенал, но не и за тоа кој сум и од каде доаѓам

Маркус Рашфорд доби големи критики на социјалните мрежи откако го промаши пеналот против Италија.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед влезе во последните минути од натпреварот за да биде помеѓу изведувачите, но не се прослави, покрај него промашија уште Санчо и Сака.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


После критиките Рашфорд се огласи на социјалните мрежи и ја прифати вината, меѓутоа не ги оправда нападите кон него кои се поврзани со неговата боја на кожата.

„Знам дека ве изневерив. Кога тргнав да шутирам имав помала самодоверба и се обидува да добијам на време со долгиот залет, но не испадна како што посакував. Си размислував за тоа, пеналите ги спремам дури и во сон, зошто сега не погодив? Се што можам да направам е да се извинам, би сакал да беше поинаку. Ги поздравувам соиграчите и благодарен сум им на поддршката“.

„Критика секогаш прифаќам, пеналот беше лош, требаше да биде прецизен. Но, нема да се извинувам за тоа што сум и од каде потекнувам. Никогаш не сум се чувствувал полошо од кога го носам дресот на Англија. Јас сум Маркус Рашфорд, имам 23 години и сум од Витингтон и Витеншо, јужен Манчестер. Немам што да кажам повеќе. Ќе се вратам посилен, ќе се вратиме посилни“, стои во соопштението од Рашфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Уште една работа го кочи конечниот расплет околу Гатузо

Италијанскиот фудбал доживува нова криза. По неуспехот да се квалификува на третото послед…