Поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес пред настапот на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите со голема почит зборуваше за данскиот шампион Алборг.
ПСЖ ќе се сретне со дебитантот на завршниот турнир во елитата, а Раул предупреди дека Алборг не смее да се потцени и го спореди со Вардар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Многумина ќе кажат дека Алборг е најслабиот тим на овој турнир, но тие го исфрлија Флензбург, тим кој два пати не победи. Алборг е како Вардар, првпат на Ф4, а кога Вардар дојде првпат на Ф4 и ја освои Лигата на шампионите. Мораме да имаме целосен респект кон нив“, изјави Раул.
Ќе потсетиме дел од Ф4 ќе биде и Кирил Лазаров со својот Нант, нашиот капитен и селектор ќе се сретне со неговиот поранешен клуб Барселона.