Дома Фудбал Останато Раскол во соблекувалната: Нејмар и Мбапе го „бојкотираат“ Кавани, Силва и Ди Марија удрија по Емери

Раскол во соблекувалната: Нејмар и Мбапе го „бојкотираат“ Кавани, Силва и Ди Марија удрија по Емери

ПСЖ веќе неколку години се обидува од богат да прерасне во голем клуб, а после синоќешниот пораз во Мадрид, медиумите пишуваат за раскол во соблекувалната на „светците“.

Тоа не е ништо ново, кланови во соблекувалната има откако пристигна Нејмар, кој после само неколку натпревари се скара со Кавани поради пенал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Податокот од синоќа е фрапантен. Нејмар и Мбапе не му додадоа ниту една топка на Уругваецот, кој беше заменет во 66-та минута, па медиумите тврдат дека скапоцените ѕвезди го бојкотираат Кавани.

Ден подоцна, жестоки критики на сметка на тренерит Унаи Eмери. Се огласија и сопругите на Тиаго Силва и Анхел Ди Марија, кои од непознати причини не играа на синоќешниот меч.

Нејмар повторно се најде во центарот на вниманието, Бразилецот беше критикуван за тоа што е себичен и мисли само на себе. Сигурно е дека немало пријатни разговори во соблекувалната која по овој пораз е дополнително поделена.

Стрелецот на голот Адриен Рабио не ги штедеше зборовите по поразот.

„Многу сум лут, убаво и лесно е да му дадете осум гола на Дижон, но на ваквите натпревари треба да ја покажеме класата и да направиме разлика. Добро го почнавме мечот, ги имавме работите во наши раце, но повторно го направивме истите грешки“, изјави Рабио.

Емери бега од одговорност, го критикуваше судењето и смета дека поедини одлуки влијаеле на конечниот исход.

Меѓутоа, француските медиуми не простуваат да го критикуваат Емери, кој повторно потфрли кога беше најважно, притоа не може да воспостави авторитет над големите ѕвезди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…