Дома Топ вести Раскол во Реал Мадрид – Зидан договори засилување, Перез го стопира трансферот!

Раскол во Реал Мадрид – Зидан договори засилување, Перез го стопира трансферот!

Реал Мадрид е на чекор од пласман во финале во ЛШ после победата над Атлетико од 3:0. Исто така во рака ги држат и сите конци за Примера бидејќи ќе бидат шампиони ако победат на сите натпревари до крајот.

Многу заслуги за добрите резултати на Реал му се припишуваат на тренерот Зинедин Зидан, но доколку им се верува на тамошните медиуми, Зизу не се наоѓа во „поволна“ позиција во клубот.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Имено, шпанските медиуми пишуваат дека францускиот стратег нема поддршка од Флорентино Перез кога се летните засилувања во прашање.

Веќе на големо се пишуваше дека главна мета на „кралевите“ за доведување ова лето ќе биде ѕвездата на Челзи, Еден Азар, а Зидан наводно веќе имал неколку разговори со Белгиецот и го наговарал да дојде во Мадрид.

Сепак, претседателот на клубот Флорентино Перез едноставно го стопирал трансферот.

Еминентниот шпански весник „Don Balon“ пишува дека Перез одлучил да не го купува Азар, а се наведуваат три причини за таквата одлука: претседателот на „кралевите“ не го цени многу Азар како играч, смета дека не вреди 100 милиони евра колку што бара Челзи за него и најважно, смета дека неговото доаѓање ќе го стопира развојот на Марко Асенсио, играч кого Перез го обожува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кој е Александар Стефанов? Најсериозниот кандидат за наследник на Мукаетов!

Многу брзо по завршувањето на Светското ракометно првенство, фокусот на Ракометната федера…