Дома Останати Кошарка Расел Вестбрук МВП на сезоната!

Расел Вестбрук МВП на сезоната!

Бекот на Оклахома Сити Тандер, Расел Вестбрук е прогласен за најкорисен играч (МВП) во НБА лигата.

Вестбрук зад себе има неверојатна сезона, која ја заврши со просечен трипл-дабл учинок. Бекот на Оклахома сезонава одигра 82 натпревари, а на 42 забележа трипл-дабл, а во тие мечеви тимот забележа 33 победи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во просек Вестбрук имаше учинок од 31,6 поени, 10,7 скокови и 10,4 асистенции. Тој беше најдобар во Западната конференција во ноември и декември, а четири пати сезонава беше играч на неделата.

Во изборот за МВП на сезоната Вестбрук зад себе ги остави Каваи Ленард од Сан Антонио и Џејмс Харден од Хјустон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Коментаторот во транс по тројката на Вучевиќ за победата: О, Боже мој, Елизабет, доаѓам… (Видео)

Неверојатен момент го обележа натпреварот меѓу Чикаго Булс и Филаделфија, не само поради с…