Дома Фудбал Франција Рамос и овој викенд нема да дебитира за ПСЖ

Рамос и овој викенд нема да дебитира за ПСЖ

Ниту во викендот кој е пред нас Серхио Рамос нема да дебитира за ПСЖ.

Како што објави францускиот „Л’Eкип“ дебито на Рамос ќе мора да биде уште малку одложен. Шпанскиот дефанзивец нема да биде во тимот ПСЖ за утрешниот меч со Клермон во Лига 1, а веројатно ќе го пропушти и дуелот со Бриж од Лигата на шампионите кој е закажан  за среда.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Рамос кој летово пристигна во ПСЖ се очекуваше да дебитира после репрезентативната пауза, меѓутоа лекарскиот тим на „светците“ не сака ништо да ризикува, па ќе се оди пополека со неговото враќање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Слот има за што да биде среќен: Ливерпул ангажира ѕвезда на Баерн вредна 65 милиони евра?

Иако во последните денови во фокусот на Ливерпул е ситуацијата околу Мохамед Салах, кој из…