Дома Фудбал Рамос и Коста најавија ТЕПАЧКА на мадридското дерби

Рамос и Коста најавија ТЕПАЧКА на мадридското дерби

Ѕвездите на Реал Мадрид и Атлетико Серхио Рамос и Диего Коста открија дека склучиле „луд договор“ и најавија тепачка на мадридското дерби кое на програмата е на 8-ми април.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид најави нова жестока битка на секој дел од теренот со својот репрезентативен колега.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Тој е добро момче, но јас веќе му кажав дека на теренот нема пријатели. Доколку има потреба да се тепаме, тоа и ќе го направиме. За да стигнеме до победа, ако треба ќе се удиране на теренот.. И двајцата го знаеме тоа“, изјави Диего Коста.

Рамос ја потврди теоријата на Коста, со тоа што покрај тепањето, посочи дека е подготвен и да го гризне противникот доколку биде потребно.

„Нема никаков сомнеж, ние сега сме многу добри пријатели и имаме фантастичен однос. Но, кога е во прашање дербито, ако некој треба да гризне некого, тогаш ќе го направи тоа“, порача дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Предвидување на суперкомпјутерот: Тотенхем ќе преживее, а еве кој испаѓа од Премиер лигата

Според анализите од суперкомпјутерот Opta, Тотенхем ќе успее да избегне испаѓање во Чемпио…