Дома Фудбал Репрезентации Рамос за односот со Пике: Пријaтели сме, но не е како порано

Рамос за односот со Пике: Пријaтели сме, но не е како порано

ramos

Капитенот на репрезентацијата на Шпанија, Серхио Рамос, призна дека атмосферата во тимот не била баш најдобра на последниот репрезентативен собир.

Шпанците успеаа да се квалификуваат на СП во Русија со победите против Албанија и Израел на почетокот на овој месец. Но, атмосферата во тимот не била онаква каква што била пред референдумот за независност на Каталонија. На овој реферундум излезе и јавно ја поддржуваше независтноста на Каталонија, дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пике беше исвиркан на тренингот на „црвената фурија“, но со своето однесување покажа дека тоа не влијаеше премногу на него. Иако се зборуваше дека дефанзивецот би можел да се прости од националниот сред, судијеќи според се тоа нема да се случи. За сето тоа зборуваше и Серхио Рамос.

„Сите тие случувања некако го повредија нашиот тим. Секогаш како капитен зборувам дека фудбалерите мораат со внимание да прават некои потези во животот. Пике беше на удар на јавноста после се што се случуваше, но неговото однесување беше извонредно и за пример. Некогаш имавме навистина одличен тим, но и сега добро се сложување. Сепак, јасно е дека нашето пријателство не е онакво какво што беше“, изјави Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познато што го убедило и зошто Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …