Серхио Рамос нема да биде дел од тимот на ПСЖ кој утре ќе игра против Реал Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Шпанскиот стопер кој во дресот на Реал освои се што можеше да се освои од минатото лето го носи дресот на ПСЖ. Сепак, нема да игра против неговиот поранешен клуб. Рамос од доаѓањето во Париз има проблеми со повредите, па ќе го пропушти и овој дуел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рамос има проблеми со потколеницата и ќе продолжи да тренира одвоено од тимот, потврдија од ПСЖ. Според најавите тој би требало да биде спремен за реваншот кој ќе се игра во Мадрид.