Дома Фудбал Рамос блиску до потпис, но не за тој што се очекуваше

Рамос блиску до потпис, но не за тој што се очекуваше

Серхио Рамос се уште е без нов договор со Реал Мадрид.

Договорот на капитенот на Кралевите е со важност до летото 2021. година и веќе наголемо се шпекулира за негово заминување од клубот.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Меѓутоа, Реал со сигурност ќе има предност во преговорите од останатите тимови, а Рамос во следниот период ќе стави и други потписи.

Рамос скоро целата кариера соработуваше со американскиот производител на спортска опрема Најк. Меѓутоа, наскоро би можел да потпише договор со друг бренд, а првите разговори се веќе направени.

Адидас, Пума и Њу Баланс веќе покажале интерес за Рамос. Наводно, Адидас е најблиску до договор и соработка со капитенот на Кралевите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти изјави дека Нејмар сè уште е во конкуренција за играчи…