Играчот за врска на Јувентус, Арон Рамзи е воодушевен од однесувањето на неговиот соиграч Кристиано Роналдо.
Пред сезоната да биде прекината Роналдо постигна 25 голови на 32 натпревари, Рамзи сега како и повеќемина пред него зборуваше за работната етика на Португалецот која ја опиша како неверојатна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тој е неверојатен спортист. Прв доаѓа во теретана, ја поминува рутината и излегува на терен. Тој е роден победник, сака да победува секогаш, дури и на тренинг. Секогаш останува сам да вежба слободнуи удари или нешто друго. Не мора никој да ми кажува колку е добар и колкава желба има – неверојатен е, еден од најголемите во историјата на фудбалот“, изјави Рамзи кој во Јувентус дојде од Арсенал.
Рамзи потоа го објасни неговото доаѓање во Јувентус.
„Имаше и други заинтересирани, но Јувентус е еден од најголемите клубови во Европа. Покрај тоа чувствував дека тие најмногу ме сакаат, имаат и богата историја и одлични играчи. Овој тим тропа на вратата од трофејот во ЛШ, сакав да бидам дел од обидот клубот да дојде до тој трофеј“, објасни Велшанецот.