Денеска е потврдено дека Рамзи повеќе нема да настапува во дресот на Арсенал поради повреда која ја заработи на натпреварот против Наполи.
Имено, тој го договори трансферот во Јувентус по крајот на сезоната, и со самото тоа го одигра својот последен натпревар во дресот на Топџиите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После се, се огласи и самиот Рамзи, кој малку разочаран, но и тажен поради тоа што нема да има прилика повторно да го облече дресот на Арсенал.
„Многу сум тажен што натпреварот против Наполи беше мојот последен во дресот на Арсенал. За жал, повредата ќе ме оддалечи од теренот до крајот на сезоната. Разочаран сум бидејќи нема да можам да играм до крајот и да дадам се од себе за клубот. Нормално, немам влијание тоа, но сакам да им се заблагодарам на навивачите на Арсенал за поддршката. Беше ова одлично патување и многу нешта се случија во овие 11 години. Дојдов како дете, а заминувам како оженет човек, татко на три деца, полн гордост и прекрасни моменти. Ова ќе биде емотивен викенд, бидејќи ова е последен домашен натрпевар. Се радувам што повторно ќе ве видам сите и ќе ви се заблагодарам од срце за се.“ – напиша Рамзи.