Денес од 16:00 часот македонските ракометари во Маврово ќе го одиграат вториот пријателски натпревар против Кувајт во рамките од подготовките за Европското првенство во јануари.
На првата контролка селекторот Лазаров се одлучи да им даде шанса на помладите ракометари и играше без девет стандардни репрезентативци. Тој натпревар ние го добивме со убедлвии 31:21.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
И покрај убедливоот разултат Лазаров после мечот потенцираше дека треба цврсто да стоиме на земја затоа што Кувајт не е на нивото на нашите противници на ЕП.
„Тоа што го договаравме, тоа го спроведовме на самиот терен, мислам дека за нашите играчи ова ќе биде поттик за она што ни преостанува во следниот период, да работиме уште понапорно, да пробаме да ги задржиме добрите работи, а тука се и слабите работи во кои треба да се поправиме и да напредуваме. Не може да ме понесе никаква еуфорија, треба да бидеме цврсто на земја, знаеме што е пред нас, не можеме да го споредиме Кувајт со Словенија, Црна Гора и Данска“, изјави тогаш Лазаров.