Ракометната репрезентација на Македонија денес заминуваат за Каиро каде што утре и задутре ќе одиграа два контролни натпревари со Египет.
Во овие два натпревари нема да бидеме комплетни, во Скопје остануваат неколку репрезентативци. Стојанче Стоилов нема да биде на располагање на Лазаров поради заработена мала повреда, не е сериозно, но нема потреба да се ризикува.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Откако Патар Маџовски се опорави, не патува неговата потенцијална замена Петар Атанасијевиќ од Е.Пелистер 2. Ако повредата на Томи Јагуриновски не е сериозна и тој ќе патува, во Скопје ќе остане Марко Митев. Последниот кој сигурно не оди за Каиро е голманот Чаневски.
Ќе потсаетиме, во јануари Македонија ја чека Европското првенство во Унгарија.