Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ објави дека челниците на Рома се решени во намерата да се разделат со Жозе Мурињо ако загуби од Каљари во следниот натпревар во Серија А.
Тргна Рома разочарувачки сезонава и покрај тоа што „волчицата“ врза две победи на последните два натпревари, клубот размислува за отказ.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Ова е изненадувачки, посебно поради успехот во претходните две сезони. Мурињо и покрај малиот буџет на Рома минатата година играше финале во Лигата на Европа, а претходно ја освои Конференциската лига.
Но,наводно незадоволството од резултатите сезонава било толку големо, па луѓето во клубот наводно чекаат само следен кикс за да го отпуштат.